мај 19, 2024

Дали и вие го криете точниот број на сексуални партнери?

Сигурно ве интересирало со колку партнери вашиот партнер имал сексуални односи.

Можеби сте го прашале, но не сте сигурни дека ви ја кажал вистинската вистина.

Сепак, истражувањата покажаа дека еден пол претпочита да го крие бројот на партнери, а тоа се мажите.

Истражувањата откриваат: Кој повеќе ЛАЖЕ за БРОЈОТ на сексуални партнери, мажите или жените?

Еден од 1.000 испитаници кои учествувале во истражувањето изјавил дека имал повеќе од 100 сексуални партнерки. Истражувачите решиле да откријат зошто мажите имаат тенденција да лажат за тоа со колку жени имале секс.

Научничката Кирстен Мичел од Универзитетот во Глазгов ги анализирала одговорите на 15.000 жени и мажи на возраст од 16 до 74 години и открила дека мажите имаат во просек по 14 сексуални партнерки во текот на нивниот живот. Жените, пак, менуваат 7 партнери со кои имале секс во текот на нивниот живот.

Истражувачите откриле дека оваа разлика може да се објасни со тенденцијата кај мажите да се фалат со екстремно високиот број на жени со кои биле, што доведува до лажење бидејќи малку луѓе всушност бројат со колку луѓе спиеле.

Многу мажи кои учествувале во истражувањето изјавиле дека можат со сигурност да потврдат дека голем број мажи лажат затоа што често и самите го прават тоа.

– И кажав на мојата девојка дека сум спиел со повеќе девојки отколку што навистина е, поради притисокот од врсниците што го имав претходно. Ѝ кажав дека сум спиел со 13 девојчиња, но всушност беа 5 – рекол еден од учесниците во истражувањето.

Тој истакна дека мажите лажат за бројот на партнерки со кои имале секс поради притисокот од врсниците и околината. Жените имале многу поконзервативни одговори од мажите кога станува збор за сексуалните искуства, а половина од не им се допаднал сексот на една вечер, наспроти мажите кои се апсолутно за тоа.

65 отсто од жените сметале дека сексот со друга личност додека се во брак е сосема погрешен, за разлика од 57 отсто од мажите кои со задоволство би го прифатиле.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK