мај 17, 2026

Нема да се случи пратеник на Левица да земе патни трошоци, ќе го избркаме истиот ден од партија, нагласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев  во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс.

Апасиев нагласи дека во големите партии владее клиентелизам, дека се купуваат гласови, работни места и слично.

– Јас не сум земал еден денар патни трошоци. Нашата генерална секретарка Јована Мојсоска ја прозва една пратеничка која рече дека немала како да оди во Собрание со 2.000 евра плата. Па како оди работник од Велес во Скопје на работа? – вели Апасиев кој додаде дека има максимална партизација и дека буквално „од чистач до портир“ минува на месен комитет за да се вработи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK