мај 19, 2024

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве и претседателските избори, многупати пративме пораки но и опомени и до претседателските кандидати во вториот круг и но и до нашите политички конкуренти, политичките партии кои се на овие парламентарни избори. Истовремено ја образложивме и нашата визија за тоа како треба да изгледа Македонија во периодов пред нас. Излеговме со разни иновативни, иновациски мерки и инструменти на владини политики со коишто целевме да се сопре растечката сиромаштија, но и да отвориме еден циклус за просперитет, за нов квалитет на животот во Македонија”, кажа во своето обраќање до јавноста претседателот на ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Во среда, на 8 мај  од изгрејсонце до зајдисонце ја имате уникатната можност да изберете, вашето право за избор е највисокото демократско право во едно општество, искористете го тоа право, храбро излезете масовно на избори на 8 мај во среда и направете избор.  Изборот е за тоа како ќе живеете од четврток натаму. ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како додадена вредност во  Коалицијата Храбро за Македонија, ви понуди слобода. Власт која што апсолутно ќе цели кон сите видови на слободи, лични, семејни, индивидуални. Ние нудиме влада која што ќе ја прими на и на дело ќе ја покаже  пораката што ја добивме со  Велгденските празници деновиве, а таа порака  е пожртвуваваност од страна на државата, од  владата, пожртвувана љубов кон својот народ, емпатија, сочувствителност за маките и страдањата на својот народ но и за потребите на народот како да го премости овој егзистенцијален страв, страв од опстаникот, како утре ќе преживее семејството и секој еден во Македонија, но и како утре ќе отвориме перспективи за да ги оствариме амбициите на своите деца за пристоен живот во Македонија”, рече Ристовски.

„Драги мои Македонци, во среда вие избирате за тоа како ќе живеете во периодот по изборите. Дали сакате повторно апсолутната влас која е апсолутно искорумпирана, по сите теории на политички науки, Лорд Ектон рекол-Апсолутната власт апсолутно корумпира, апсолутната власт раѓа аздисаност. Повторно може да  се соочиме со  режимски елементи, со притисоци со закани со уцени, со затворања, со непријатности бројни кои ќе го мачат нашиот народ.

Имате право да изберете слобода, ИНТЕГРА македонската конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија нуди влада која апсолутно ќе го симне секое бреме на народот. Ќе има растеретување во делот на даноците, ќе има растеретување во притисокот на државата кон животот на поединецот и на вашите семјства кон личниот живот. Со нашата програмска платформа на овие избори, владата мора да стане ваш слуга, владата мора да стане рационален државен апарат кој ќе се грижи за вашите потреби, која ќе создава услови вие да ги остварите вашите потреби, влада која со сите ресурси ќе стане партнер на вашиот сон за подобро утре, за сонот на вашите деца за подобар, посреќен и поквалитетен живот во Македонија. Ова е уникатна можност, уникатна понуда на овие избори. Коалицијата Храбро за Македонија со оваа понуда дава шанса да се создадат услови за секој од вас во полн творечки потенцијал, со сиот претприемачки дух кој го имате во себе да полетате повисоко и подалеку, затоа што државата ќе стане партнер на вашиот сон, вашиот сон каков и да е, богата и просперитетна Република Македонија, вашиот сон, богати и просперитетни среќни семејства, добива партнер со владата на ИНЕГРА македонска конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија.

Затоа во среда на на 8 мај заокруужете број 3, гласајте одважно, храбро похрабро од било кога досега за Коалицијата Храбро за Македонија, бидете храбри, покажете храброст на јавна сцена, ќе добиете партнер во парламентот и во владата. Ќе добиете некој што ќе ви ја отвори вратата за секоја  ваша потреба, ќе добиете партнер во сите процеси во вашиот живот, за секој проблем ќе ви стоиме на располагање, ќе имаме отворена канцеларија за секој еден од вас, за сите ваши потреби, затоа дадете доверба на Коалицијата Храбро за Македонија, заокружете број 3, факторизирајте не во парламентот за да станеме партнери во процесот  за економска препород на Македонија, да направиме навистина богата Македонија, да направиме моќна држава”, рече Ристовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK