мај 19, 2024

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани!

Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Убедена сум дека поддршката што ја добивме во првиот круг и за која сум ви сум бескрајно благодарна, овој пат ќе биде уште поголема!

Верувам во секој искрен разговор, во секоја споделена идеја и секоја стисната рака во изминатиов период, во знак на поддршка!

Во среда ја имаме последната шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите претци и ни го оставија аманетот да ја чуваме и унапредуваме!

Ве уверувам дека силно ќе се посветиме на сериозноста на ситуацијата во Македонија и вашите пораки!

Потребна ни е силна и одлучна Влада со која Македонија ќе стане повторно горда и повторно наша!

Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја градиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава – горда држава со сопствено јас!

На 8 мај донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации!

Промените се само и единствено во ваши раце!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK