мај 19, 2024

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром, каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, а во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK