мај 19, 2024

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.

Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Хајде да лудујемо“. Покрај заразната мелодија, публиката беше импресионирана од нејзината розова креација и фризура, благодарение на кои наликуваше на Мерлин Монро.

„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, рече таа во описот на фотографијата.

Тајчи деновиве е во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.

„Настапив во Шведска во клуб за обожаватели и всушност е одлично што песната „Хајде да лудујемо“ оживеа, живееше и ќе живее“, изјави таа.

The post (Видео) По 34 години Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија и воодушеви со својот изглед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK