мај 19, 2024

Руди Гобер (31) по четврти пат во кариерата, а првпат во дресот на Минесота Тимбервулвс, е избран за најдобар одбранбен кошаркар во НБА.

Французинот се израмни со Дикембе Мутомба и Бен Валас на вечната листа. Доколку уште еднаш ја добие престижната индивидуална награда, ќе стане апсолутен рекордер.

Како и досега, мислењата и овојпат беа поделени околу тоа дали центарот на Минесота ја заслужил наградата. Недолго откако НБА ја објави оваа вест, се појавија статистички споредби, според кои помладиот соиграч на Гобер од француската репрезентација и прв пик од минатогодишниот драфт, Виктор Вембањама, сезонава е подобар во сите релевантни статистички категории кои ги дефинираат дефанзивните перформанси, но младиот ас на Сан Антонио Спарс ќе мора оваа сезона да се здоволи само со наградата дебитант на годината.

Во својата втора сезона откако беше трејдуван од Јута Џез, Гобер им помогна на Тимбервулфс да станат најдобриот одбранбен тим во лигата, дозволувајќи им на противниците најмалку поени и најниските проценти на шут во НБА.

Гобер, регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 14 поени (66,1% шут), 12,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.

The post Гобер повторно е најдобар дефанзивец во НБА appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK