мај 17, 2026

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски е еден од четворицата номинирани за фудбалер на сезоната во Шкотска.

Миовски блеска оваа сезона во дресот на Абердин, постигна 24 голови во сите натпреварувања, 15 од нив во Премиер лигата на Шкотска.

Покрај Миовски за престижната награда се номинирани Лоренс Шенкленд од Хартс, Џек Батланд од Глазгов Ренџерс и Мет О’Рајли од редовите на Селтик.

Инаку, Миовски неодамна беше избран за фудбалер на годината во Абердин, во изборото на соиграчите и навивачите.

The post Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK