мај 17, 2026

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа, пренесуваат саудиските медиуми.

Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, во Ал Наср на почетокот на 2023 година.

Според информациите, Баер Леверкузен на чело со Чаби Алонсо е заинтересиран за Кристијано.

Стратегот на „фармацевтот“ е добар пријател со Роналдо, кој со години му беше соиграч во Реал Мадрид.

Роналдо е главната ѕвезда во Арабија, па вистинското прашање е дали има желба повторно да се докаже на највисоко ниво на 39 години.

Оваа сезона има учинок од 42 гола на 41 натпревар.

Во текот на кариерата играше за Спортинг, Манчестер унајтед,Реал Мадрид и Јувентус.

Пет пати ја освојуваше „Златната топка“.

The post Роналдо го поврзуваат со трансфер во европската сензација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK