Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да им честита Нова година на американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Овие колеги не ни честитаат. Всушност, ние немаме никаков контакт со нив. А земајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, претседателот нема да им честита“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Путин, пак, испрати честитки за Нова година на адреси на неколку светски лидери блиски до Кремљ. Според списокот што денеска го објави неговиот кабинет, станува збор за кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сирискиот претседател Башар ал Асад, претседателот на Венецуела Николас Мадуро и индискиот премиер Нарендра Моди.
Тој им честиташе и на Силвио Берлускони и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.