Бахреинскиот весник Ал Ватан пренесува, цитирајќи неименувани извори, дека учесниците на состанокот се согласиле дека курдските единици поврзани со Курдистанската работничка партија „се агенти на САД и Израел и претставуваат најголема закана за Сирија и Турција“.
Покрај тоа, тема на разговорот беше и спроведувањето на договорот за отворање на стратешкиот автопат М4, кој ги поврзува западните и источните региони на Сирија, пренесува новинската агенција ТАСС.
Руското Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека министрите за одбрана на Русија, Сирија и Турција се состанале во главниот град на Русија за да разговараат за начините за решавање на сириската криза, проблемот со бегалците и заедничките напори за борба против терористичките групи во Сирија.