ноември 21, 2024

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт беше уапсен во Романија откако полицијата случајно го откри местото каде се наоѓа. Тејт беше баран заради трговија со луѓе, силување и формирање криминални групи, а полицијата успеа да го најде благодарение на видеото кое го објави.

Во видеото тој ја навредува шведската активистка Грета Тунберг, а во еден момент ќе побара да му донесат пица. Благодарение на кутијата од пицата, полицијата откри дека се наоѓа во Букурешт.

Како што пренесе „Ројтерс“, Тејт е уапсен во четвртокот, а недолго потоа му пиша и Грета.

Thank you for confirming via your email address that you have a small penis @GretaThunberg

The world was curious.

And I do agree you should get a life https://t.co/mHmiKHjDGH pic.twitter.com/SMisajQRcf

— Andrew Tate (@Cobratate) December 28, 2022

„Тоа ќе ти се случи кога не ја рециклираш кутијата од пица“, рече шведската активистка.

За потсетување, Тејт и неговиот брат Тристан се под истрага уште од април. Двајцата одбија да коментираат за странските медиуми, но нивниот адвокат потврди дека се приведени.

„Изгледа дека четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутираат, вдомат и искористуваат жени, принудувајќи ги да создаваат порнографски содржини наменети за гледање на специјализирани веб-страници за одредена сума“, рекоа обвинителите.

„Не можеме да зборуваме за деталите и зошто се уапсени, но можеме да кажеме дека Ендрју и Тристан имаат огромна почит кон романските власти и ќе помогнат во истрагата колку што можат“, рече нивниот портпарол.

The post (Видео) Грета Тунберг по апсењето на инфлуенсерот Ендру Тејт: Така ти е кога не ги рециклираш кутиите за пица appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK