ноември 23, 2024

Кога синоќа беше објавено дека Кристијано Роналдо потпишал за Саудиска Ал Наср, за многумина значеше и дека никогаш повеќе нема да ги видиме него и Лионел Меси еден против друг на теренот.

Роналдо замина во Азија, додека Меси уште игра во Европа, а не можат да се сретнат ниту во репрезентативни дуели со оглед на тоа што Португалија и Аргентина не можат да се сретнат пред СП 2026 година кога ниту еден од нив нема да игра за репрезентацијата, доколку тогаш воопшто ќе се занимава професионално со фудбалот.

Но, верувале или не, нивното попладневно танго веројатно ќе го имаме веќе во јануари.

On January 19, PSG play a friendly against a combined XI from Al Nassr and Al Hilal.

We could see another clash between Leo Messi and Cristiano Ronaldo.

(Source: @Benayadachraf) pic.twitter.com/y4F70EqOLU

— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 30, 2022

Имено, фудбалерите на ПСЖ во јануари ќе отпатуваат за Саудиска Арабија каде ќе одиграат пријателски натпревар, а противник ќе им биде комбинираниот тим на двете најдобри саудиски екипи Ал-Наср и Ал-Хилал.

Извесно е дека Роналдо ќе биде дел од тимот на Саудиска Арабија, а веројатно на богатите сопственици на ПСЖ нема да им пречи да игра и Меси и на овој начин ќе го видиме последниот дуел на најдобрите играчи во изминатите 20 и повеќе години. и веројатно во историјата на фудбалот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK