април 26, 2024

Ерлинг Браут Халанд даде нов гол, дојде до 21 на контото со осум гола повеќе одошто цел тим на Евертон има дадено досега во Премиерлигата, ама тоа не беше доволно за првакот Манчестер сити да запише нова победа, па „карамелите“ ги лизнаа „граѓаните“ со ремито 1-1 во денешното новогодишно 18-то коло.

Демараи Греј после нешто повеќе од еден час од единствениот директен шут во рамките на голот на Сити, даде гол за да извади реми за Евертон, па залудна остана тоталната доминација на првакот, дури и 13-минутното надополнување на крајот, како и водството со голот на Халанд по 24 минути игра, кога на крајот дојдоа само до бод.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK