ноември 24, 2024

Нема место што посилно симболизира нови почетоци од хрватско-словенечката граница на Нова година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на денот кога Хрватска стана дел од еврозоната и Шенген зоната.

– Ова е ден за славење, ова е сезона на нови почетоци, рече фон дер Лајен на граничниот премин меѓу Хрватска и Словенија кој сега веќе е укинат, Брегана, каде пристигна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар.

– Нема место во Европа каде тоа е вистина повеќе отколку тука, на хрватско-словенечката граница, нагласи таа, нарекувајќи го влезот на Хрватска во областа на слободното движење и еврозоната огромно достигнување за најмладата членка на Европска унија.

Целите ги постигнавме заслужено и со уверување дека тоа ќе биде корисно за хрватските граѓани и економијата“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој им се заблагодари на Урсула фон дер Лајен и на словенечката претседателка, велејќи дека само нивното доаѓање покажува колку овој настан е значаен.

Пленковиќ им се заблагодари на министрите и поранешните министри, но и на ветераните, велејќи дека ништо од ова немаше да се случи без нивниот придонес.

Тој се заблагодари и на хрватската полиција, а на крајот се заблагодари и на Комисијата на ЕУ и на словенечките функционери.

Се обрати и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

– Ова е прва посета како претседателка на Словенија, ова е подарок за Европа, поклон кон нашиот сосед. Би сакала да им честитам на сите граѓани на Република Хрватска што влегоа во Шенген и почнаа да го користат еврото, рече таа.

– Вашите граѓани можат да се гордеат со патот по кој тргна вашата земја, му рече таа на Пленковиќ.

По помалку од десет години членство во Европската унија, Хрватска од денеска стана членка на Шенген зоната, со што се приклучи на клубот на 26 други земји и 420 милиони луѓе во најголемата светска област на слободно движење меѓу земјите.

Со новата година Хрватска стана и членка на еврозоната, како единствена земја која стана дел од две интеграции во ист ден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK