Само оваа година повеќе од 2.400 бегалци Рохинџа се обидоа да ги напуштат Бангладеш и Мјанмар
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Тирк вчера повика на координиран регионален пристап за заштита на илјадници Рохинџа бегалци кои ги ризикуваат своите животи на опасни поморски патувања.
„Повеќе од 2.400 Рохинџа бегалци се обидоа да ги напуштат Бангладеш и Мјанмар само во 2022 година, а јас сум длабоко тажен што повеќе од 200 ги загубија животите на тој пат“, рече Тирк.
Комесарот на ОН додаде дека неодамнешните извештаи покажуваат дека пренатоварените и небезбедни чамци што ги превезуваат бегалците Рохинџа се оставени да плутаат со денови без каква било помош.
Тирк ги повика земјите од регионот да осмислат механизам за координација за да се обезбеди проактивна потрага и спасување, пристигнување на бегалците Рохинџа на нивните територии и нивна ефикасна заштита.
„Мора да се изнајде итно решение за да се овозможи доброволно враќање на сите Рохинџа, со потполно почитување на нивното достоинство и човекови права како полноправни и рамноправни граѓани на Мјанмар“, наведе Тирк.
Бангладеш е моментално дом на повеќе од 1,2 милиони Рохинџа бегалци, од кои поголемиот дел избегаа од бруталната воена пресметка во државата Ракине во Мјанмар 2017 година.
AA
Следете не, не има насекаде