ноември 21, 2024

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција.

По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол.

Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој.

Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието.

Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK