Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека за нападите врз Украина е виновен рускиот претседател Владимир Путин.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, рече дека никогаш нема да им биде простено на оние кои ги наредија нападите на Украина во новогодишната ноќ.
Во видеопорака објавена вчера на Телеграм, Зеленски рече дека во новогодишната ноќ руската војска извела ракетни напади на Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, и гаѓала цивили.
Зеленски истакна дека за нападите врз Украина е виновен рускиот претседател Владимир Путин.
„Никој на земјата не би го простил тоа. Украина никогаш нема да ви го прости тоа“, порача Зеленски.
Украинскиот претседател потсети дека вчера се ослободени 140 украински војници во размена на заробеници со Русија.
„Вкупно 1.596 Украинци се вратија во своите домови од 24 февруари досега“, рече Зеленски, мислејќи на датумот кога започна руската инвазија на Украина.
Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина ослободила 82 руски војници, додека Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на Зеленски, изјави дека Русија ослободила 140 Украинци.
Следете не, не има насекаде