мај 18, 2026

Град Скопје денес започнува со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните. Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 7 во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители.

По инсталирањето на новата водоводна мрежа, истата се поврзува со постоечката главна мрежа на магистралната улица Скупи.

На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK