мај 18, 2026

Италијанецот Матео Арналди го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Ролан Гарос. Арналди, во третото коло го победи шестиот носител Андреј Рубљов.

Арналди за 153 минути го победи Рубљв со 7:6, 6:2, 6:4.

Рубљов пред почетокот на турнирот беше „фаворит од сенка“, но против Арналид беше нервозен и деконцентриран.

Во првиот сет двајцата направија по еден брејк, во раната фаза на сетот. Во тај-брејотк Рубљов од 2:5, дојде до 6:5 и сет топка, но на крајот до предност по првиот сет стигна Арналди.

Рускиот тенисер се распадна во вториот сет. Во првите два гема видовме по бреј, потоа Рубљов го доби третиот за 1:2, а потоа до крајот на сетот Италијанецот нанижа пет гема и дојде до 2:0 во сетови.

И во третито сет Рублов играше лошо, Арналди го доби клучниот брејк во седмиот гем за 4:3 и не ја испушти таа предност.

Во осминафиналето Арналди ќе игра со победникот од дуелот Стефанос Циципас и Јижен Жанг.

The post Ролан Гарос: Арналди го елиминира Рубљов appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK