октомври 7, 2024

Селин Дион страда од невролошко пореметување, синдром на вкочанета личност. Таа зборуваше за магазинот People за нејзината дијагноза.

За прв пат почувствувала грчеви пред речиси 20 години, кога била во Германија на турнеја. „Појадував и одеднаш почнав да чувствувам грчеви. Вокалните вежби пред настапот ги влошија работите“, се присети пејачката која детално ја опиша нејзината борба во емотивниот документарен филм „Јас сум: Селин Дион“, кој доаѓа на 25 јуни во Prime Video.

Дион пробала голем број лекови без рецепт, но бидејќи симптомите и се влошиле, и било советувано да земе лек на рецепт – и тоа Валиум.

„Почнавме со два милиграми да видиме дали ќе помогне, па 2,5, па 3, па 15, па 50“, вели пејачката. Таа истакна дека еднаш земала 90 милиграми Валиум за да помине низ настап.

„Можеше да заврши фатално. Не разбирам медицина, мислев дека ќе биде добро. Тогаш не сфаќав дека можам да легнам и да престанам да дишам. Но учам од моите грешки“, рекла таа.

Денес, вели таа, е многу среќна што може да ги сподели своите искуства со другите. „Важно е да се знае дека не земав лекови за да се дрогирам. Целиот мој живот сум професионална, дисциплинирана и вредна личност која го прави она што треба да го направи за да го одржува мојот глас во топ форма“, вели таа.

The post (Видео) Потресна исповед на Селин Дион: Пиев многу апчиња, можеше да заврши фатално appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK