октомври 7, 2024

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека приказните на ДПМНЕ за прераспределба на јавната администрација паѓаат во вода, а заложбите за поефикасна администрација не им се вистинска цел, туку само задоволување на партиските математики и апетитие на ДПМНЕ и нивните коалициони партнери.

„Целата реторика на ДПМНЕ 7 години беше ДУИ во опозиција и си го погази тоа. Ја видовме старата љубов на ДПМНЕ и ДУИ како дојде на сцена и тој закон се изгласа со ново мнозинство“, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека законот го потпиша претседателката на државата, иако во 2019 тврдеше дека не треба да има повеќе од 14 министри, а сега има 20 министри, заменици, државни секретари.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека реториката ДУИ во опозиција со која ДПМНЕ, освои 58 пратеници сега се релативизира, си даваа млека, кекси, гурабии, и одеднаш ад-хок комисија.

„До пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK