октомври 7, 2024

МАКЕДОНИЈА
Груевски за Јанкулоска: Ќе беше далеку похрабро ако таа побараше политички азил, отколку да мести други луѓе за да се спаси себеси
Автор:
Деск 4NEWS.MK
14/06/2024 11:31

Во објава на својот фесјбук-профил поранешниот премиер Никола Груевски и возврати на поранешната министерка за внатрешнин работи Гордана Јанкулоска.

Јанкуловска во поткастот кај Кристијан Ландов рече дека „да е на негово место не би чекала да има екстрадиција, туку сама би дошла, ќе го фатам првиот авион и ќе дојдам и ќе се борам во една атмосфера која очекувам да биде многу поправедна и многу подемократска по промената на власта“, Груевски и возврати дека „ќе беше далеку похрабро ако таа побараше политички азил, отколку да прифати преку признанија вина која ја нема со лажење да мести други луѓе за да се спаси себеси, да плука по тие кои и дале најмногу шанси и можности во животот и со чии политики секогаш целосно се согласувала, и така да го задржи своето достоинство, или ако не сакала да бара азил, барем да не се резили со вакви чекори“.
За неговите објави дали ги чита Јанкуловска изјави дека „не ги чита, и дека нема толку време да чита лектири, тоа што ја интересира чита, а за што пишува и како пишува, навистина не ја интересира, посебно не гледа поента нити во тоа да ги чита, нити пак гледа поента да се пишуваат такви написи од дистанца“, додаде таа во поткастот.

Во продолжение можете да ја погледнете целосната објава на поранешниот премиер Никола Груевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK