октомври 7, 2024

Под мотото „По правилниот пат чекорам” општина Бутел ја продолжува традицијата која ја започнаа минатите години и доделија парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта!
Како што информираше првиот човек на општината Дарко Костовски беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици.
На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари. Вложуваме максимално во образованието. Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици, соопшти Костовски и додаде: Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK