октомври 7, 2024

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден” во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. 

Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул.„9″, ул.„8″ до целта – спортска сала Гоце Делчев, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во н.Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK