октомври 7, 2024

Од скопското обвинителство информираат дека е отворена истражна постапка за жената од Кратово која ги уби сопругот и свекарот.

-Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат како се случил немилиот настан, односно дека жената го убила сопругот во самоодбрана.

-При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, велат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK