октомври 7, 2024

Ако сте против Преспанскиот договор имате 80 пратеници, раскинете го, порача политичкиот аналитичар Петар Арсовски во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс.

– Јас разбирам ако сегашната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски и Сиљановска сметаат дека Преспанскиот договор носи повеќе зијан отколку ќар. Јас ја разбирам таа позиција, иако не се согласувам. Ама ако ти е таква позицијата, така направи. Раскини го, имаш 80 пратеника. Ризикувај, дали ќе те извадат од НАТО или како.

Втора позиција е мислам дека има повеќе ќар отколку зијан, јас сум на таа позиција, ќе го почитувам. И тоа е во ред, ама немојте ни тоа ни та, ни името вратено, ни имаме ЕУ, вели Арсовски.

– Што е посрамно, да кажеш Северна Македонија или мојата земја? Јас мислам дека е тоа погрешно. Оваа глупава позиција, ќе пишувам, ама не изговарам не ја разбирам. Сѐ додека сме ние заглавени во овој лимбо ќе имаш сѐ повеќе бугарски пасоѓи и луѓе кои се иселуваат. Тие кои сакаат да живеат во ЕУ се иселени веќе во ЕУ и ние се соочуваме со егзодус, ќе останеме чаша без вода, вели Арсовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK