Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски, објави дека Фондот за здравство одново донел решение со кое одбива да го плати лекувањето на Леонид Индов во Виена. Индов беше транспортиран со државен хеликоптер, со него се фотографираа државни функционери, а потоа беше оставен сам на себе.
Момчето веќе неколку месеци е таму, трансферирано со медицинскиот хеликоптер на државата. Кој ќе го покрие лекувањето овие месеци?
Играњето мајтап со Леонид, но и со Јани и низа останати лица со иста или слична судбина стана дел од нормалноста. Не, ова не е нормално и вака државата не смее да се однесува со своите граѓани!“, напиш Андоновски.
Следете не, не има насекаде