Речиси два дена се трагаше по брачниот пар од Ресен, кој со својот автомобил пропаднаа во бездна длабока 200 метри и за жал го загубија својот живот во Националниот парк Галичица кај Охрид. Тие излетале од регионалниот пат Трпејца – Преспа, кој води преку планината и завршиле во амбис. Превртеното возило било забележано од параглајдеристи кои се рекреирале. Двете тела се предадени на обдукција.
„Во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен“, велат од МВР.
Во извлекувањето на лицата учествувала екипа од планинско спасителната служба од Охрид.
„Службите беа немоќни бидејки беше неопходно користење на посебна техника и опрема да се спроведе акцијата“, рече Антонио Додевски-планинско-спасителна служба.
Следете не, не има насекаде