септември 27, 2024

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во нецивилизираната, преполна со агресија тепачка во ромската населба во Злокуќани.

Во тепачката во која имало насилие и крволочност, како што опишуваат од Општина Карпош биле употребени лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), нешто што било незапаметено во историјата на Карпош.

Тие се згрозени од немилиот настан кој се случил синоќа и велат дека тоа не е својствено својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина.

При тоа додаваат дека оваа масовна тепачка во ова населено место не била прва.

– Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Речиси и да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон – потенцираат од Општина Карпош.

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати извршил разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за насилниците да бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

Од Општина Карпош додаваат дека доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а како што велат границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK