октомври 5, 2024

Џејсон Тејтум наскоро ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на кошарката. Бостон, вчера ја освои 18.титула во историјата на франшизата, а во наредните денови се очекува Тејтум да го продолжи договорот за уште пет години.

За верност ќе добива вкупно 315 милиони долари или 63 милиони по сезона. Се очекува во следните десет дена се да биде официјализирано.

Тејтум, кој има 26 години, оваа сезона имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции по натпревар.

Моментално Стеф Кари е најплатениот играч во лигата со приход од речиси 52 милиони годишно. На второ место е Кевин Дурент (47.649), а третото место го делат Леброн Џејмс и Никола Јокиќ (47.607 милиони).

The post Тејтум ќе го потпише најголемиот договор во историјата на кошарката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK