октомври 6, 2024

Крилниот центар Зак Ледеј повеќе не е кошаркар на Партизан, дознава „Јурохупс“. Натурализираниот Азербејџанец ја раскина соработката со црно-белите и наводно веќе се договорил со Олимпија Милано. Заминувањето на Ледеј е нов шок за навивачите на партизан, откако претходно клубот објави дека спогодбено се разделил со капитенот Кевин Пантер.

Ледеј токму од Милано се пресели во Партизан, во летото 2021 година, а „Јурохупс“ тврди дека договорил двегодишен договор со италијанскиот клуб

Крилниот центар и оваа сезона беше еден од најдобрите поединци на Партизан, имаше просек од 10,2 поени, 4,6 скока, 1,5 асистенции, 0,8 украдени топки по натпревар во Евролигата.

Во дресот на Партизан стана шампион на АБА-лигата, а двапати беше избран во идеалната петорка на регионалното натпреварување.

Овој 30-годишник, роден во Далас, во НЦАА беше дел од Универзитетите Флорида и Вирџинија Тек. Откако не беше избран на драфтот во 2017 година реши да се пресели во Европа. Играше за Хапоел Галил, Жалгирис и Олимпијакос.

The post По Пнатер и Ледеј го напушта Партизан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK