октомври 6, 2024

Пејачката Аријана Гранде гостуваше во подкастот Podcrushed и предизвика дебата поради начинот на кој зборува, односно поради гласот.

Имено, додека зборуваше за улогата во филмската адаптација на театарската претстава Wicked, Аријана во еден момент само го промени тонот на гласот. Среде реченица почна да зборува погласно, а потоа повторно потивко.

@cloud_ari3 she was like “oh i need to get back into character” #fyp #foryoupage #arianagrande #arianator #viral #cloud_ari3 ♬ original sound – cloud_ari3 • Friends

„Зошто го прави тоа?“, „Што не е во ред со неа?“, „Таа е толку дволична“, напишаа луѓето на социјалните мрежи кога клипот почна да се шири на Интернет.

Но, има и такви кои мислат дека ја знаат причината. „Прилично сум сигурна дека тоа го прави за да ги зачува гласните жици, често го спомнува здравјето на гласните жици“, „Зарем таа не е таа што секогаш зборува за важноста да се зачуваат нејзините гласни жици? Па, затоа таа го прави тоа“, напишаа тие.

Мјузиклот Wicked со Аријана во главната улога ќе излезе во ноември оваа година.

The post (Видео) Луѓето не можат да поверуваат како Аријана Гранде го менува гласот додека зборува appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK