октомври 7, 2024

Марија Шерифовиќ гостувајќи во забавна емисија, за прв пат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот шестмесечен син Марио, кој го доби преку сурогат мајка. Српската пејачка изјави дека нема да го открие идентитетот на таткото, бидејќи во тој случај би можела да биде казнета.

„Тоа се работи за кои не можам и не треба да зборувам поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа (таткото) ќе ме тужи за десет милиони долари, можеби и повеќе“, објасни таа.

Потоа додаде: „Тој е одличен фраер, Европеец“.

Пејачката открила и дека ќе му биде најголемиот поддржувач на нејзиниот син, што и да прави во животот.

„Нека биде здраво, паметно и чесно суштество. Што се однесува до мене, тој може да биде и доктор на науки и вулканизер. Ќе се обидам да го слушнам, да го видам, да ги слушам неговите потреби и да му бидам поддршка“, рече таа.

The post Марија Шерифовиќ: Таткото на моето дете може да ме тужи за 10 милиони долари, имаме договор appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK