октомври 7, 2024

На 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска”, лево по ул.„Александар Урдаревски”, лево по ул.„Боца Иванова” и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова”, до кружниот тек на ул.„Бутелска”, па лево по ул.„Бутелска” и десно по ул.„Кемал Сејфула”.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK