Мелани Тарчуловска (17), ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски, пееше во „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во вториот круг на шоуто. Таа ги испеа „Пожели среќу другима“ од Лепа Брена и „Тажна љубов среќна песна“ од Тамара Тодевска, па доби пет гласа од жирито и можност да бира кој ќе ѝ биде ментор во текот на сезоната.
„Го сакам Ѓорѓе Давид. Не го знам од порано, вечерва првпат го гледам во живо, му ја знам музиката“, рече Мелани, која не криеше ни дека имала голема трема додека пеела.
По ова Саша Поповиќ ја праша зошто избра Ѓорѓе, ако не го знае.
„Па никој не го избра вечерва“, рече Мелани.
„Искреноста се исплати. По ова што го кажа, среќен ти пат за Скопје“ ѝ одговори Поповиќ.
Настапот на Мелани почнува на 1:26:30.
The post (Видео) Ќерката на Соња Тарчуловска е нова ѕвезда на „Гранд“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде