Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата.
Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор.
Во моментов Хамлин е во болница.
Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.
Следете не, не има насекаде