септември 21, 2024

Локалните медиуми објавија дека осомничен за вмешаност во инцидентот е познат локален рапер кој е уапсен.

Две силни бомби опустошија станбени згради во шведскиот главен град Стокхолм, објавија во понеделник локалните медиуми. Во експлозиите нема повредени, но пет лица се уапсени под сомнение дека извршиле различни криминални дејствија, јави државната телевизија СВТ.

Контрадиверзантски тим и крим-техничари вршат увид на местото на настанот, а полицијата започнала и прелиминарна истрага за инцидентите. Експлозијата во населбата Гримста, во западниот дел на Стокхолм, одекнала околу три часа по полноќ по локално време. Според полицискиот извештај, зградата претрпела голема штета.

Локалните медиуми објавија дека осомничен за вмешаност во инцидентот е познат локален рапер кој е уапсен. Познато е дека раперот има врски со криминални кругови, пишува весникот „Афтонбладет“.

Полицијата верува дека експлозијата можеби била насочена кон друг добро познат рапер.

По експлозијата потресени се бројни жители на Гримста, а искршени се прозорци во неколку станови. Втората експлозија се случи во Багармосен, јужно од Стокхолм, нешто пред 4:30 часот по локално време.

Како што јавува СВТ, утрово е уапсен маж под сомнение дека учествувал во опасно уништување и закани. Полицијата во моментов не ги поврзува двете експлозии, но вели дека ќе истражи по неколку неодамнешни инциденти во градот.

Експлозиите се сè почести во Шведска, каде членовите на бандите често ги напаѓаат ривалите со експлозивни направи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK