Додека компаниите денес главно се фалат со тоа што можат да направат нивните уреди, Light Phone има поинаков пристап.
„Има многу работи кои Light Phone 3 едноставно не може да ги направи“, се зборовите со кои започнува промо видеото на третата генерација на овој уред, кое носи сосема поинаков поглед на користењето на телефонот.
Овој уред, како што е нагласено во видеото, не може да објавува на социјалните мрежи, да праќа мејлови, но не може ниту да ги украде, ниту да ги продава вашите податоци. Сепак, тоа го дава најосновното – можност за поврзување со вашите најблиски, што, како што заклучуваат во видеото, е „алатка за подобар живот“.
„Light Phone“ е наменет за оние кои бараат душевен мир, кои мислат дека помалку значи повеќе, како примарен телефон или како втор телефон што ќе го користат по работното време“, велат од компанијата.
Новиот модел кој штотуку беше најавен носи одредени подобрувања, односно опции без кои луѓето сепак не сакаат да користат телефони, поточно подобар екран и камери.
Light Phone 3 има 3,92-инчен AMOLED црно-бел екран, се напојува со чипсет Qualcomm SM 4450, има 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање, поддршка за 4G и 5G мрежи, како и Nano SIM и eSIM.
Камерите се од двете страни на телефонот – селфи камера од 8 MP, а на задната страна класична камера од 50 MP. Што се однесува до другите опции, телефонот има USB-C влез, стерео звучници и два микрофони, има поддршка за GPS, Bluetooth и NFC, како и читач за отпечатоци. Капацитетот на батеријата е 1.800 mAh, а за разлика од модерните телефони, може лесно да се замени.
The post ВИДЕО: Единствениот телефон кој се фали со она што не може да го направи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде