ноември 24, 2024

Даку по националистички скандирања „Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“ наиде на осуда од целата европска фудбалска јавност, па и од албанските фудбалски аналитичари, на што претходно реагираше и Фудбалската федерација на Македонија која со официјален допис до УЕФА побара да биде покренета постапка против Даку.

УЕФА покрена дисциплинска постапка против албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку по неговото скандалозно однесување по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на ЕВРО 2024.
Според пишувањата на шпански „Ас“, се очекува Даку да добие суспензија од неколку меча, што значи дека нема да биде во составот на Албанија за дуелот против Шпанија кој се игра в понеделник.
Екипа.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK