ноември 24, 2024

Денеска (22.06.2024) во 09.20 часот на ул.„Благоја Стефковски” во општина Гази Баба – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје  го лишиле од слобода Б.К.(44) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK