На 21.06.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (47) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде