ноември 24, 2024

57-годишен маж е претепан до смрт пред очите на ужаснатите гости во паб во Западен Сасекс по натпреварот Англија-Данска на Европското фудбалско првенство.

Полицијата била повикана во пабот Dolphin and Anchor Wetherspoons во Чичестер, каде го пронашла безживотното тело на претепаниот 57-годишен маж со сериозни повреди на главата нанесени од тројца напаѓачи, пренесува таблоидот „Сан“.

Полицијата соопшти дека пабот бил полн за време на смртоносниот напад.

„Причината за инцидентот останува под истрага. Апелираме до секој кој има информации да се јави за да можеме да ги утврдиме сите околности“, изјави портпаролот на полицијата во Западен Сасекс.

30-годишен маж од Бирмингем е уапсен под сомнение за убиство, а 42-годишен маж од округот Дарам е уапсен под сомнение дека го нарушил мирот. Полицијата соопшти дека и двајцата се во притвор.

Почната е потрага по третото лице.

The post Маж препан до смрт по мечот Англија-Данска во паб полн со луѓе во Западен Сасекс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK