Португалија без проблеми се справи со Турција во второто коло од групата Ф на ЕП. Португалија победи со 3:0 и го обезбеди првото место во Ф групата.
Покрај одличната игра на Португалија, комичниот автогол на Ајкадин, натпреварот во Дортмунд го одбележа и неверојатно лошата организација на службата за обезбедување.
Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.
Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.
Што се однесува до стјуардите, тие имаа малку трпение во првите три упади, но во последниот применија сила и грубо го изведоа натрапникот надвор од стадионот.
The post Поради селфиња со Роналдо четири пати во прекин беше натпреварот Португалија-Турција appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде