Репрезентацијата на Португалија од првата позиција во Ф групата избори место во осминафиналето на Европското првенство. Во второто коло, Португалија со доминатна партија ја победи Турција со 3:0 (2:0).
Брзо и лесно Кристијано Роналдо и соиграчите го скршија отпорот на Турците, чија немоќ најдобро ја отсликува комичниот автогол на Самет Ајкадин, со кој бе решени сите дилеми околу победникот.
Водечкиот гол, во 21.минута го постигна Бернардо Силва по продорот на Нуно Мендеш од левата страна и рутински ја затресе мрежата на Турција.
Седум минути подоцна, лошата комуникација меѓу Ајдекин и голманот резултираше со комичен автогол. Најтрагичниот момент на натпреварот и веројатно пресвртот се случи во 28. минута:
Точка на натпреварот стави Бруно Фернандеш во 56.минута, му асистираше Кристијано Роналдо.
Во шестиот настап на европските првенства, ова беше седма асистенција на Роналдо, со што стана најдобриот асистент во историјата на континеталните шампионати.
По голот на Бруно, впечатокот беше дека Турција ќе доживее тежок пораз, но Португалците решија да „застанат на топката“ и рутински го приведоа натпреварот до крај.
Во последното коло Турција ќе игра против Чешка, а Потугалија против Грузија.
The post (Видео) Португалија ја декласира Турција – Комичен автогол го обележа натпреварот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде