Можеме да размислуваме за воведување на т.н. градски воз во рамки на Градот Скопје, нешто што го имаат поголемите градови низ Европа. Со тоа ќе се искористи постојната инфраструктура во градот, која е релативно добра и на тој начин претпријатието „Македонски железници“ да генерира значајна сума на средства кои ги нема сега.
Ова денеска во вестите на ТВ Сител го изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски посочувајќи дека на тој начин ќе можат да се искористат возовите што биле набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Следете не, не има насекаде