ноември 23, 2024

На 3 јануари 1993 година се сметаше дека светот ја надминал Студената војна, но експертите предупредуваа дека тоа не значи и постнуклеарен свет по автоматизам.

Нуклеарните договори меѓу САД и Русија беа главниот сигнал дека завршила Студената војна и дека двете велесили конечно ќе стават крај на трката за вооружување, избегнувајќи ја опцијата за нуклеарен армагедон.

Таква беше сликата на денот на потпишување на СТАРТ 2 пред точно 30 години, кога тогашниот американски претседател Џор Буш Постариот и рускиот колега Борис Елцин се договорија да го ограничат нуклеарниот арсенал со долг дострел.

На 3 јануари 1993 година се сметаше дека светот ја надминал Студената војна, но експертите предупредуваа дека тоа не значи и постнуклеарен свет по автоматизам.

Договорот за намалување на стратешкото оружје – СТАРТ 2 практично никогаш не стапи на сила поради долгиот процес на ратификација во националните парламенти на велесилите, како и подоцна наметнатите анекси и дополнителни услови.

Русија го ратификуваше договорот дури во 2000 година поради негодувања околу американските воени интервенции во Југославија и Ирак како и проширувањето на НАТО.

Потоа американската администрација под водство на Џорџ Буш Помладиот реши да се повлече од АБМ договорот, па така и Русија во 2002 година, еден ден по Америка се повлече и од двата договора.

Ограничувања на по 1.500 стратешки нуклеарни боеви глави     Фото: Reuters Reuters

Што опфаќа единствениот активен договор?

Новиот СТАРТ кој го потпишаа претседателите Обама и Медведев е засега единствениот активен нуклеарен договор меѓу САД и Русија и тој истекува во 2026 година, откако беше обновен со потпис на претседателите Бајден и Путин во јануари 2021-та.

Овој нуклеарен договор предвидува ограничување на 1.500 стратешки нуклеарни боеви глави и по 800 стратешки системи за лансирање на двете страни.

Со оглед на должината на времетраењето на преговорите и комплицираните односи, се стравува дека овој договор нема да биде обновен во скоро време.

Денешната состојба во односите меѓу САД и Русија ги доведува во прашање сите напори за ограничување на нуклеарен судир.

Без инспекции на последниот активен договор

Самиот руски претседател Владимир Путин во контекст на војната во Украина истакна дека заканата за употреба на нуклеарно оружје е зголемена, иако посочи дека Русија нема прва да употреби таква сила под никакви околности.

Прво пандемијата, а потоа и санкциите како резултат на воената инвазија на Русија врз Украина спречија да се извршат редовните инспекциски контроли за нуклеарниот арсенал. Коронавирусот во март 2020 година спречи теренска проверка на нуклеарните капацитети на долг дострел и на системите со повеќебројни нуклеарни боеви глави.

По руската инвазија на тимот на инспектори кој требаше да отпатува во САД му беше изречена забрана да прелета преку европскиот воздушен простор поради санкции. Исто така и кога беше време американскиот тим да изврши инспекција во Русија поради реципроцитет не беше дозволена да се изврши посетата.

Недостигот на доверба е поопасен

Најголемите стравување се дека без потребното ниво на доверба меѓу САД и Русија значително ќе се зголемат нуклеарните капацитети и ќе започне нова трка на модернизирање на нуклеарните системи кои може да ја уништат планетата преку ноќ.

Во декември минатата година во Каиро требаше да се одржи нова серија на преговори но, состанок на двете делегации немаше.

Исто така се очекува во иднина договорите за ограничување на нуклеарното и останатото стратешко вооружување да опфатат повеќе држави со оглед на зголемената недоверба меѓу САД и западните сојузници кон Русија и истокот како и новите сили на светската геополитичка мапа.

TRT Balkan Macedonia

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK