Соединетите Американски Држави се една од ретките земји во кои сè уште е на сила егзекуцијата на осудените за најтешки кривични дела.
Денеска за прв пат во историјата на САД ќе биде погубена личност со трансродова ориентација, а тоа е Амбер Меклафлин.
Од смртна казна може да ја спаси само гувернерот на државата Мисури, Мајк Парсон, но тешко дека тоа ќе се случи.
Би требало да биде погубена со смртоносна инекција затоа што ја убила својата девојка во 2003 година, пишува Sky news.
Пред промената на полот, 49-годишната девојка била во врска со девојката Беверли Гинтер. Меѓутоа, кога врската почнала да се распаѓа, Меклафлин почнала да ја демне Гинтер, доаѓала во канцеларијата каде што работела и понекогаш се криела во неа, а на крајот ја убила во ноември 2003 година.
Поради ова, таа во 2006 година беше осудена за убиство од прв степен и доби смртна казна. Судот нареди ново сослушување за изрекување казна во 2016 година, но федералниот апелационен панел ја врати смртната казна во 2021 година. Барањето за помилување беше засновано на трауматично детство и проблеми со менталното здравје за кои одбраната рече дека поротата немала шанса да слушне за време на судењето.
Во петицијата се наведува дека Меклафлин, која пораснала како сираче, била гаѓана со измет во лицето од нејзините посвоители кога била дете, нејзиниот посвоител користел пиштол за шокирање врз неа, боледува од депресија и неколку пати се обидел да се самоубие.
Во Соединетите Американски Држави, 18 лица беа егзекутирани во 2022 година, вклучително и две во Мисури.
Следете не, не има насекаде