Туркије беше главната посредничка сила меѓу Украина и Русија. Земјата развиваше и патишта за помирување со земјите од Израел до Египет.
Годината што измина ќе биде запаметена како година кога Русија ја нападна Украина, започнувајќи тешка војна чиј крај не се наѕира, како и година на ескалација на тензиите меѓу Западот и Москва.
Но 2022 година е година кога клучните мировни иницијативи произлегоа од Туркије, членка на НАТО, која има работен однос со Русија за различни конфликтни зони како Сирија, со цел да се најде заеднички јазик меѓу Киев и Москва.
Турските мировни напори имаа значајни резултати, како што е историскиот договор за жито и размената на воени заробеници меѓу Русија и Украина. Анкара, исто така, започна и други клучни мировни иницијативи за нормализирање на нејзините врски со Израел и Египет, две важни држави од Блискиот Исток, а чии меѓусебни односи беа влошени во текот на 2010-тите години.
Грегори Симонс, вонреден професор на Институтот за руски и евроазиски студии на Универзитетот во Упсала, смета дека 2022 година беше одлучувачка за Туркије, која „успеа да испреговара достигнувања кои ниту една друга земја не ги постигна“.
Според Симонс, примерот на Украина како геополитички разбиен појас меѓу САД и Русија придонесе за тоа Туркије да преземе улога на чесен посредник во конфликтот. Тоа ја потврди мудроста на земјата во воспоставувањето и развојот на независна балансирачка и посредничка улога во ера на ризик и неизвесност.
За разлика од многу други западни држави, напорната работа и упорноста на Анкара на политички и економски план доведоа до напредок како на пример договорот за испорака на жито во гео-економски и геополитички конфликт кој предизвикува многу поделби.
„Тоа ја покажа растечката позиција на Анкара како субјект, а не како објект за настаните”, вели Симонс за ТРТ Ворлд.
Во 2022 година, Туркије се појави како најважен мировен актер во светот кој остави свој белег во годината, смета Месут Хаки Касин, професор по меѓународно право на Универзитетот Једитепе.
„Додека Туркије успешно ја демонстрираше својата политика на неутралност во војната во Украина, исто како и во Втората светска војна, таа имаше улога на посредник во конфликтот како што е наведено во 33-тиот член на ОН“, изјави Касин за ТРТ Ворлд.
За време на Втората светска војна, Анкара остана неутрална меѓу земјите на Оската предводена од нацистичка Германија и сојузничките сили, избегнувајќи какви било жртви.
Политиката на Украина
И покрај големиот притисок од САД и Европа, Туркије одби да биде дел од западните санкции кон Русија, верувајќи дека е подобро да се разговара со Москва отколку да се изолира. Но, во исто време, Туркије ја повика Русија да се повлече од сите окупирани украински територии, жестоко бранејќи го територијалниот интегритет на Киев.
„Војната во Украина покажа дека Туркије во 21 век следи фундаментално поинаков надворешен и безбедносен пат од оној за време на Студената војна. На овој пат, Анкара делува како мост меѓу западноцентристичките и незападноцентристичките светови”, вели Симонс.
За разлика од минатото, кога Анкара следеше пасивна надворешна политика, под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Туркије го демонстрираше политичкиот и воениот потенцијал на земјата на меѓународната арена, од Украина до Централна Азија.
„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е единствениот лидер способен да разговара и со Владимир Путин и со Владимир Зеленски, работејќи на приближување меѓу двете страни“, вели Касин.
Тој истакнува дека покрај напорите за посредување на Туркије, Анкара, исто така, презела клучен чекор за затворање на своите теснеци за руските и за воените бродови на НАТО, во согласност со Конвенцијата од Монтре, која го регулира статусот на турските канали.
„Со оваа клучна мерка, Туркије го спречи ширењето на војната во Украина во други области, особено во Црното Море“, вели Касин.
Според професорот, исто така оваа мерка, беше клучна за разграничувањата во конфликтот меѓу Русија и Западот, ограничувајќи ги тензиите меѓу двете страни.
Јасар Сари, експерт во Евроазискиот истражувачки центар Хајдар Алиев на Универзитетот Ибн Халдун, верува дека дипломатските напори на Туркије го ограничија конфликтот во Украина, спречувајќи војната да се претвори во регионален конфликт.
Покрај украинскиот конфликт, Туркије ги покажа своите вештини за посредување во уште еден тежок конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан за спорот за Карабах, повикувајќи ги и Ереван и Баку да најдат заеднички јазик за да ги решат нивните разлики.
Во октомври 2022, Ердоган одигра клучна улога во реализацијата на мировните преговори меѓу азербејџанските и ерменските лидери во Прага, на маргините на состанокот на ЕУ.
Нормализирање на Блискиот Исток
Во текот на 2022 година, Туркије исто така работеше напорно на деескалација на тензиите на Блискиот Исток, обновувајќи ги своите врски со Египет и Израел и зајакнувајќи ги своите врски со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Турско-израелските односи се влошија од 2010 година по израелскиот напад на Мави Мармара турки хуманитарен брод кој патуваше кон Газа. Во 2013 година, турско-египетските дипломатски врски беа прекинати откако со државниот удар предводен од генералниот претседател Абдул Фатах ал Сиси беше соборена првата демократски избрана влада во земјата.
„Дипломатските иницијативи на Туркије беа многу успешни во отворањето нова страница со сите регионални сили во регионот. Ова е дел од поширокиот тренд во регионот на обид да се одржат отворени дипломатските канали меѓу главните играчи“, вели Галија Линденштраус, виш научен соработник во израелскиот тинк-тенк Институт за национални безбедносни студии.
Според Линденштраус, нормализацијата на Анкара со Израел укажува на длабочините на тековните турски дипломатски напори на Блискиот Исток.
„Процесот на нормализација со Израел беше значаен поради фактот што спротивно на напорите за нормализација во 2016 година, овој пат имаше многу повеќе посети на високо ниво, што укажуваше дека има поцврста основа за тоа“, рече Линденштраус за ТРТ Ворлд.
Во март 2022, израелскиот претседател Исак Херцог се состана со Ердоган во револуционерна посета на Туркије. Во септември, на маргините на Генералното собрание на ОН се одржа уште една средба на високо ниво меѓу израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој посочи и дека сака да го посети Израел по ноемвриските избори.
Овој пристап на средби на високо ниво за зацврстување на врските меѓу Туркије и другите држави беше очигледен и во процесот на нормализација на Анкара со Египет. Минатиот месец, Ердоган се сретна со Сиси во Катар, велејќи дека не треба да има незадоволство во политиката, мислејќи на минатите тензии меѓу двете држави по бунтовите на Арапската пролет. Тоа е пристап кој може да оди подалеку на турбулентниот Блиски Исток.
„Во следниот период, како што Туркије влезе на пат на нормализација со Египет, може да влезе и во друг пат на нормализација со Сирија“, рече турскиот претседател. Односите Анкара-Дамаск беа прекинати по сириската граѓанска војна, кога милиони бегалци дојдоа во Туркије.
Во текот на 2022 година, Ердоган, исто така, се сретна со лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан во Абу Даби и Мохамед Бин Салман во Анкара, покажувајќи ја својата посветеност за зајакнување на претходно затегнатите односи со двете земји од Заливот.
TRT World
Следете не, не има насекаде