октомври 6, 2024

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети лут ја напушт прес конференцијата по ремито со Хрватска (1:1).

До ремито Азурите дојдоа во 98.минута со голот на Закањи. Италија, на 29.јуни во осминафиналето ќе игра против Швајцарија.

„Игравме против Албанија, против Шпанија и против Хрватска, еј, против Хрватска. Не беше баш лесна ждрепка. Какво ви е тоа прашање што ќе се случеше ако испадневме? Дали се плашам? Од што се плашам? Ако се плашам, тогаш би работел нешто друго. Би ги гледал натпреварите, не би бил тренер.

Природно е да чувствувате притисок и одговорност, но нема од што да се плашите. Изгубив толку многу натпревари во кариерата… Што можеше да се случи? Хрватска можеше да победи, тие се добар тим. Сите екипи се добри на овој турнир. Ги анализирате натпреварите и велите дека не сум добар тренер поради ова и она. И во ред, тоа е ваша работа, но ве молам немојте да уринирате по нас ако изгубиме“, рече Спалети.

The post Спалети: Ваша работа е да критикувате, но ве молам немојте да урнирате по нас appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK